Ким Кардашијан ги налути Ерменците: Еве со кого вечераше

Ким Кардашијан на Инстаграм се пофали дека била во Ерменија, од каде и потекнува, за да ги крштева своите деца во катедралата Света Божја Мајка, која се наоѓа во градот Вагаршапат.

Со неа дојдоа децата Норт, Сент, Чикаго и бебето Псалм, но и најстарата сестра Кортни заедно со нејзините три деца.

На некои од фановите им се допаднало што Ким ги негува своите корени, но имало и такви кои мислат дека ова го прави само за да им се допадне на Ерменците.

Таа добила многу коментари дека никој во Ерменија не ги почитува ниту нејзе, ниту нејзиното семејство, бидејќи јавно го срамеле своето потекло.

Во оваа прилика таа излегла на вечера со семејството на претседателот Саркисијан, постапка која многумина ја оцениле како борба за поени во јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e