Кејти и Орландо закажаа свадба

Одбројувањето започна! Кејти Пери и Орландо Блум закажаа датум за свадба во декември. Во меѓувреме, двојката посветено ужива во својата љубов.
– Важно ни е да завршиме со сите важни обврски, пред да го превземеме следниот голем чекор – објасни пејачката во текот на едно телевизиско интервју, а истото го потврди и Блум во друго интервју велејќи дека внимателно ја градат врската бидејќи сакаат да ја постават на здрави „темели“.
Актерот ја побара за жена пејачката со романтичен брачен предлог на Свети Валентин годинава. Потоа среќната двојка преку Инстаграм ја сподели веста со своите обожаватели и блиски пријатели.
Пред врската со Блум, Пери беше мажена со Расел Бренд од 2010 до 2012 година, а потоа една година беше во врска со Џон Мејер. Актерот се разведе од сопругата Миранда Кер во 2013 година, а од бракот со нејзе го има осумгодишниот син Флин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e