Канје Вест се ожени, еве која е новата сопруга

Канје Вест се оженил со архитектката Бјанка Ценсори само два месеци откако беше финализиран неговиот развод со Ким Кардашијан.

Изгледа дека раперот се венчал со Бјанка на приватна церемонија, а парот бил забележан како носи бурми, пишува Дејли мејл.

Сепак, се чини дека нивниот брак не е целосно легитимен бидејќи парот не поднел барање за извод од брак. Не е ни познато колку време се забавуваат, со оглед на тоа што Канје „до вчера“ беше со друга девојка, извесна Јулијана Нала.

Минатиот месец Канје ја „почестил сопругата“ со нова песна, а во текстот открил дека биле во целибат пред да се венчаат:

„И Библијата вели, не можам да имам секс до бракот“.

Во песната исто така се нашла и неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан: „Не можам повеќе да го правам ова, знам дека сè е поради насловите, затоа што сака да си замине…“.

Во понеделникот Канје е виден во ресторан како руча со својата нова „сопруга“ Бјанка.

Новите фотографии покажуваат како Бјанка ја обоила својата долга црна коса во платинесто руса. Изгледа дека новата сопруга многу го копира изгледот на поранешната сопруга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e