Канје ќе плаќа 200.000 долари месечно за алиментација

Ѕвездата на реалните шоуа Ким Кардашијан и раперот Канје Вест ги завршија сите разговори и договори во врска со нивниот развод, пишува „Пејџ сикс“.

Имено, според договореното, тие ќе имаат „еднаков пристап“ за заедничко старателство над нивните четири деца – деветгодишната Норт, шестгодишниот Сент, четиригодишната Чикаго и тригодишниот Псалм.

Сепак, извори блиски до Кардашијан за „Ти-ем-зи“ велат дека таа, сепак, ќе биде со децата 80 отсто од времето. Во спогодбата стои и дека раперот ќе треба да плаќа 200.000 долари месечно за алиментација. Понатаму, тој е одговорен и за 50 отсто од трошоците поврзани со образованието на децата, како што се школарина и трошоци за осигурување.

Исто така, Кардашијан доби и голем дел од заедничкиот имот, вклучувајќи куќа во Јужна Калифорнија која чини 4,5 милиони долари, куќата во којашто живее сега и која се проценува на 60 милиони долари, како и имот во Ајдахо.

Како потсетување, Ким Кардашијан поднесе барање за развод од Канје Вест во февруари 2021 година, по речиси 7 години брачен живот.

Парот се венча на свадбена церемонија во Фиренца во 2014 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e