Како Шакира дознала дека Пике ја изневерува?

На социјалните платформи кружат разни теории како популарната пејачка Шакира (45) открила дека нејзиниот сопруг, фудбалерот Жерар Пике (35), ја изневерува.

Популарната пејачка Шакира се посомневала дека Пике ја изневерува откако во нивниот дом, по враќањето од турнеја, посакала да јаде нешто благо, а теглата во фрижидерот некој веќе ја изел. Се работи за нешто што било само за неа.

Како што пишуваат локалните медиуми, пејачката сфатила дека во нивниот дом имало имало некој што го изел нејзиниот омилен џем.

Според „Four Four Two“, пејачката по враќањето од една турнеја открила дека некој ѝ го јаде омилениот џем. Бидејќи самиот Пике не сака џем од јагоди, ниту пак децата, Шакира се посомневала во неверство.

Пике и Шакира беа заедно од летото 2010 до јуни 2022 година. Причината за раскинувањето е неверство на шпанскиот фудбалер.

Двојката има два сина: Милан и Саша. Пејачката го доби старателството над нив откако раскина со фудбалерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e