Зад Џенифер Лопез има една успешна година и брак со Бен Афлек. Додека целиот свет зуи за нејзината среќа, се појави еден чуден податок. Имено, се зборува дека Џенифер Лопез има одредени правила на однесување што мораат да ги почитуваат сите нејзини партнери.
Според добро информирани извори, целта на овие правила е да спречат некој повторно да ја изневери или измами.
1. Стјуардесите се забранети
Нејзиниот поранешен сопруг наводно имал афера со една стјуардеса на приватен лет, а тоа толку многу ја разлутило Џенифер што таа не дозволува да работат жени на нејзините приватни летови. Анонимен извор има изјавено дека таа мрази стјуардеси, бидејќи нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони имал афера со една додека биле во брак. Затоа, во авионите има машки стјуарди, кои се всушност нејзини лични асистенти.
2. Мораат да бидат во форма
Тешко дека некој би можел да ја замисли Џеј Ло со маж кој има стомаче. Пејачката и актерка е позната по војничкиот начин на живот и вежбање, па истото го очекува и од нејзините партнери. Така, во еден момент дури и Афлек го натерала на строга диета и вежбање.
3. Пристап до мобилниот телефон 24/7
Џеј Ло наводно бара пристап до телефоните на нејзините партнери кога и да го посака тоа. Токму така открила дека Родригез е неверен. Латино-дивата во неговиот телефон ги видела пораките со Медисон Лекрој, иако таа подоцна тврдеше дека ништо не се случило. Многумина се запрашале дали ова правило го применила и на Афлек, кој претходно имал проблеми со алкохолот, а како што пренесуваат странските медиуми, актерот веќе некое време е трезен. Тој инаку и јавно има зборувано за одењето на рехабилитација и проблемите со пиењето што ги имал додека бил во брак со Џенифер Гарнер.
4. Интимни односи 4 пати неделно
Џеј Ло е исклучива по ова прашање, тоа дури е и една од ставките во предбрачниот договор со Афлек. Таа бара сексуални односи минимум 4 пати неделно, а Бен морал да го потпише тоа за да се венчаат.