Игор Којиќ овој пат нема да и прости на Северина за фотографиите на кои е гола!

Северина Којиќ повторно се најде во центарот на вниманието откако деновие во медиумите беа објавени нови фотографии на кои таа е гола. Разголената Северина се фотографирала со помош на селфи стап, а фотографиите многу брзо се проширија во јавноста.

Како што пренесува „24сата.хр“, во нејзиниот дом, откако фотографиите излегоа во јавноста е „кризна состојба“, а тие наведуваат дека Игор Којиќ, сопругот на Северина тој ден излетал од станот „бесен како рис“, а се вратил во домот дури по неколку часа подоцна откако фотографиите протекле во јавноста.

Од друга страна, менаџерот на Северина, Томица, веднаш дошол во нејзиниот стан во Загреб и цело време бил со пејачката.

Фотографиите на кои пејачката е гола настанале, како што и самата Северина открила, во 2015 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e