Хасан Дудиќ слави два родендени, еве зошто

Пејачот и поранешен боксер Хасан Дудиќ роден 21 јули 1957год е познат по своите хитови. Иако со децении е присутен на балканската музичка сцена, до сега никој не знаеше некои детали за него.

Хасан на својот Фејсбук профил откри дека слави два родендени, првиот кога всушност се родил, а вториот кога преживеал клиничка смрт.

Имено летоска тој го прослави својот 65 роденден, а пред два дена го прослави и 44 роденден.

„Денес 24.11. ми е втор роденден. На денешен ден пред 44 години преживеав клиничка смрт во војска. Така, денес го славам мојот 44-ти роденден. Фала му на Бога, да живеат добри луѓе“, напиша Дудиќ на својот Фејсбук, а многумина му посакаа уште многу години здравје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e