Хакер украл слики на кралското семејство, таблоидите даваат 65 000 долари за нив

Околу 3000 фотографии на членови на британското кралско семејство се огласени за продажба на интернет. Тие биле украдени откако непознат хакер го пробие во ајклауд (iCloud) профилот на Пипа Мидлтон, сестрата на војвотката од Кембриџ Кетрин.

Украдените слики се нудат за 50 000 фунти (65 000 долари). Непознатиот продавач се поврзал со британски изданија, главно таблоиди, кои се најмногу засегнати од слики на претставници на британското кралско семејство, пишува “Дејли мејл”.

На фотографиите, украдени од сервис за задржување на податоци на компанијата Епл, се самата Војвотката на Кембриџ, а исто децата на Кејт и принцот Вилијам – принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Бидејќи се направени со помош на камерата на телефонот на Пипа Мидлтон, на нив се запечатени исто моменти од настани, во кои таа учествувала.

Скотланд јард веќе ја потврдил кражбата и започнал истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e