Грациозно стареење: Мишел Фајфер го прослави 65-тиот роденден

Мишел Фајфер е родена во Санта Ана, Калифорнија на 29 април 1958 година.

Кариерата ја започна во осумдесеттите, а поголемо внимание привлече со улогата во филмот „Лице со лузна“ од 1983 година. Следуваа бројни филмски остварувања во кои го покажа својот неверојатен актерски талент. Сепак, во раните 2000-ти, таа се повлече од светот на филмот и се посвети на своето семејство.

Во брак е со продуцентот Дејвид Кели и имаат две деца. Семејството ѝ е на прво место, и одлично ја чуваат нивната приватност. Своевремено рече дека се уште е вљубена во својот сопруг како и од првиот ден.

Таа на својот Инстаграм профил често објавува фотографии без шминка, а добива коментари дека грациозно и достоинствено старее.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e