(ФОТО) Викторија Бекам после 10 години конечно откри зошто ги напушти Spice Girls

Викторија Бекам одлучила да ги напушти Spice Girls за време на повратната турнеја во 2008 година. После шпекулациите за повторното собирање по повод 20 години од постоењето на групата, модната дизајнерка во интервју за Vogue Australia открила зошто не сакала да ја продолжи музичката кариера.

CQHNRkraub-viktorija-bekam-posle-10-godini-konecno-otkri-zosto-gi-napusti-spice-girls

Пош Спајс открила дека сфатила како ја изгубила страста за изведување на песни и музика откако го гледала шоуто “Red Piano”, на својот близок пријател Елтон Џон во Лас Вегас.

Мел Би постојано говори за своите желби тие пет повторно да се обединат, додека Викторија постојано повторува дека музиката сака да ја остави зад себе и да се посвети на својот моден бренд.

Британските таблоиди пишуваат дека оваа недела Мел Би и Викторија се скарале и дека Мел ја нарекла Викторија к**ка за време на жестоката расправа околу повратниот концерт.

“Секогаш сакав да се занимавам со мода, па бев среќна дека музиката не ми беше прва страст. На тие девојки музиката им беше сè”, рекла Викторија за Vogue.

“Секој ден некој прашува: Сакате ли да одите на турнеја? Ти си таа која не стопира”. За мене секогаш беше нешто друго што сум сакала да правам. План Б, фаза два”.

uehCwF333w-viktorija-bekam-posle-10-godini-konecno-otkri-zosto-gi-napusti-spice-girls

За време на турнејата во САД во 2008 година, Викторија отишла на концерт на Елтон Џон во Лас Вегас и сфатила дека ја нема таа страст која тој ја има.

“Бев со Елтон Џон тој викенд и му реков: Ти си причината поради која ја прекинувам мојата музичка кариера”, објасни Викторија.

Spice Girls својот последен концерт го одржаа во Торонто, а повторно се обединиле во 2012 година на отварањето на Олимписките игри во Лондон.

Оваа година се сретнаа на ручек, што покрена гласини за реобединување.

“Бев на ручек со останатите Спајс девојки пред неколку месеци, работите излегоа од контрола, морав да му наложам на адвокатот да ги разбие сите смешни приказни кои кружеа”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e