Иако чекори во шестата деценија, Кораима е и понатаму вистинска убавица, но не крие дека многу води сметка за својот изглед. Често на своите следбеници таа им покажува како изгледаат нејзините тренинзи благодарение на кои гордо позира во бикини.
Актерката неодамна сподели фотографија во тиркизно бикини на јахта, позирајќи со „челичните“ стомачни мускули, кога многумина забележаа дека има значително поизразено деколте отколку во серијата.
Инаку, славната Касандра е родена на 6 јуни 1973 година во Валенсија во Венецуела, како најмладо од четири деца. Со актерство почнала да се занимава кон крајот на осумдесеттите, во теленовелите „Гарденија“ и „Алондра“.
