(ФОТО) Серена Вилијамс ќе стане мајка по втор пат

Серена Вилијамс откри дека е бремена по втор пат покажувајќи го трудничкиот стомак на Мет Гала во Њујорк, а на настанот се појави заедно со сопругот Алексис Оханијан.

Познатата тенисерка минатата година најави повлекување од тенисот, откривајќи за Вог дека сака да го зголеми своето семејство откако во 2017 година ја роди својата прва ќерка.

Зборувајќи со новинарите Вилијамс откри дека „тројца од нив“ пристигнале на настанот.
serena
За оваа прилика таа облече црн фустан на Гучи со бели детали.

Својот труднички изглед го заокружи со бисерно ланче и лента за глава, исто така од бисери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e