Познатата пејачка Лепа Брена се огласи со фотографија на социјалните мрежи по повод ненадејната смрт на нејзиниот колега и пријател Шабан Шаулиќ. Во посветата под фотографијата Лепа Брена со потресни зборови се прости од легендарниот Шабан.
„Заминуваат оние најдобрите. Меѓу нив и Шабан. Од него учевме, со него се дружевме, соработувавме, со него пеевме и тагувавме, го сакавме и почитувавме, од него учевме за животот…Вечна слава драг пријателе! Семејство Живоиновиќ.“ – напиша Лепа Брена.
Шабан Шаулиќ познатито крал на народната музика трагично го загуби животот вчера изутрина во сообраќајна несреќа враќајки се од настап од Гемранија.