ФОТО од смачканиот автомобил – Eве со колку промили алкохол возел Дарко Лазиќ

Пејачот Дарко Лазиќ кој вчера доживеа тешка сообраќајна несреќа, според првичните резултати од анализата на крвта возел под дејство на алкохол и имал 1,39 промили алкохол во крвта.

Со анализа на крвта која му е земена непосредно по сообраќајната несреќа утврдено е дека Дарко имал 1,39 промили алкохол, а втората анализа направена еден час подоцна покажала дека има 1,30 промили алкохол во крвта.

Дарко освен во алкохолизирана состојба возел без возачка дозвола која му е одземена во 2013 година и без сигурносен појас.

Иако состојбата му е стабилизирана, тој е се уште со тешки повреди.

darko-lazik-avtomobil-nesreka1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e