Тешко е за децата, за родителие, за пензионерите, за актерите, за пејачите, за спортистите, но и за инфлуенсерите.
Eдна од најпознатите инфлуенсерки кај нас, Љупка Митрова, за Женски магазин вели дека домот е најтоплото место на целиот свет и кога таа е со нејзините најмили, изолацијата за неа не е воопшто лоша.
Но, како и секој човек така и нејзе и недостигаат некои работи во оваа социјална дистанца. „ Ми пречи што во недела не можам да го гледам зајдисонцето. Ми пречи што има страв меѓу луѓето. Ми сметат празните улици. Ми недостигаат боите околу мене“, вели инфлуенсерката.
Како и во секое семејство, така и кај Љупка е дозволено „нешто“ кое не било дозволено пред оваа домашна изолација, за мир во куќа. „ Девојчињата седат до доцните часови, спијат до доцна, возат ролерки низ стан, ја играт секоја игра што ќе им дојде на ум“, споделува Митрова.
Инфлуенсерката вели дека, најмногу времето сега го поминувала слушајќи музика, вежбала, готвела и секако во дружење и играње на друштвени игри со ќерките, но не застанала и со пазарувањето во маркети и продавници, но овој пат, онлајн.