(ФОТО) Коки од некогашното дуо „Дуле и КОки“ се разведува после една деценија

Коки Јанков дел од некогашното дуо Дуле и Коки се разведува од својата сопруга Росана Јанков инаку портпарол во АМСМ. Неофицијално парот реши да се разведе по една деценија брак од кој ја имаат и ќеркичката Лара.

керка

Причините за разводот сеуште не се познати иако се потврдува дека бракоразводната постапка е во тек.

Коки и Росана со години важеа за еден од најстабилните парови во македонскиот џет-сет, брак проследен без скандали и далеку од очите на јавноста.

кокииии

Росана во едно интервју раскажа дека парот се запознал пред 16 години, кога Росана работела како хонорарец во Македонската радио телевизија, а Дуле и Коки и гостувале во емисијата „Утринско огледало“. „Таа средба беше професионална и искрено од оваа дистанца никогаш не би помислила дека Коки ќе ми биде сопруг“, раскажа Росана Јанков, портпарол во АМСМ, сопругата на музичарот Никола Јанков-Коки за почетоците на нивната љубов.

Можеби ќе имавме и 3 деца, но мојата желба ми се исполни и Лара е синергијата која му дава смисла на нашиот живот засега.

svadba

„Во моите очи тие беа ѕвезди, а јас млада девојка која амбициозно си ја почнува својата кариера. По неколку години на иницијатива на мојот братучед излеговме со него во дискотеката „Б2“ каде што свиреа Дуле и Коки. Само што влеговме во диското, забележав едно многу убаво момче, ми се пресекоа нозете и мислам дека тоа беше љубов на прв поглед. Кога го видов дека се качува на бината и дека ја отвора виолината, го препознав. Со мислите се вратив назад во времето на моето прво интервју со него. Се немавме видено многу долго време и мислев дека не се сеќава на мене, кога на мојот телефон добив порака: Здраво. Пораката беше од него и од тој миг знаев дека е тоа, тој. Го послушав срцето и еве од тогаш поминаа точно 10 години, години кои ги поминувам со мојот љубен, во среќа, хармонија, пријателство и во заедничко воспитување на нашата среќичка, Лара“, раскажа Росана.

Лара е музички талент исто како и татко и, и таа свири виолина.

„Она што ме импресионираше кај Коки беше тоа што тој беше одмерен. Како што велат старите: еден збор-еден алтан. Мудрите луѓе молчат. Трпелив, упорен, кога ќе постави цел или ако нешто сака тоа сигурно ќе го направи само зависи од факторот време. Човек со енергија, амбиција, и ден денес ме држи цврсто до него. Тој за мене е човекот кој ме учи во животот, и само тој знае да го скроти мојот темперамент и да влијае на мене. Само пред него и пред татко ми стојам мирно, е тоа е тоа“.

„Сонував дека кога ќе бидам невеста, венчаницата да си ја купам од Канада или од Америка. Коки и јас во мај-јуни отидовме на еден месец во Канада, и од таму купивме се што ни беше потребно за свадбата, а свадбата не беше ни закажана. Коки предложи да ја направиме во септември. Во Александар Палас на 21 септември се случи најубавиот ден во мојот живот. Свадбата ја имав испланирано до детаљ. Колегите на работа се смешкаа зошто им беше нешто ново. Сакав да имаме свадба како што беа оние во Америка. Коки организираше се до совршенство, имавме 450 гости, меѓу нив беа и моите најсакани роднини од Америка кои специјално дојдоа за свадбата, мојата тетка која ми го донесе чадорчето, тефтерот за запишување пораки. Навистина беше како од бајка, со белите гулаби од матично, кочијата. Коки ја отпеа „Учи ме мајко карај ме, како да ја земам Росана“, а во салата влегов со татко ми. Се беше многу романтично, исполнето со многу емоции. Бев прекрасна невеста, преубава.

Забавата беше фантастична, многу гости, пријатели, музиката си го направи своето, Дуле и Коки направија посебна забава. Едноставно имавме необична свадба за тоа време и немаше кој не беше воодушевен“, раскажа Росана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e