(ФОТО) Ќерката на Здравко Чолиќ не се срами да се покаже од тоалетот на теретаната

Ќерката на легендарниот пејач Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ (21), е многу активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм. Овој пат таа објави „секси“ фотографија од тоалетот на теретаната во која вежба. Многумина сметаат дека Бог не штедел на нејзината убавина, дарувајќи ѝ ги сите можни атрибути.

Ќерката на големата балканска ѕвезда честопати се фотографира во фустани или маички кои ги откриваат нејзините бујни гради, па така беше и овој пат. Уна носи тесна спортска маичка потпишана од Келвин Клајн, во долниот дел носи црни хеланки, а забележливо е дека ни во теретана не оди без шминка.
Коментарите за овој атрактивен, а сепак спортски изглед на ќерката на една од најголемите пејачки легенди не изостанаа.

Сепак оние што ја почитуваат музиката на легендарниот Чола, сметаат дека неговата ќерка не треба толку многу да ги истакнува своите атрибути. Честопати во коментарите на нејзините фотографии се сретнуваат коментари со блага доза на критика.

– Биди скромна како татко ти. Нема потреба да се експонираш на социјалните мрежи! – ѝ порачала една госпоѓа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e