(ФОТО) Ким Кардашијан откри кои работи во куќата ја прават среќна

Ким Кардашијан на Инстаграм објави неколку детали од својот дом, кој повеќето медиуми го нарекоа мавзолеј, а и фановите не беа одушевени. Ким конечно постигна спогодба за развод од Канје Вест, а за да го одбележи ова одвои малку време и откри кои мали нешта во животот ѝ носат радост, како на пример мермерни столчиња, и спална соба која изгледа како да треба да биде во „Томб Рајдер“.

„Работи во куќата што ме прават среќна“, напиша таа во описот на објавата. На фотографиите се гледа дневната соба, спалната соба и дел од бањата.

„Не знам како можеш да живееш на вакво место, изгледа како лудница“, „Како во затвор“, „Изгледа толку депресивно“, „Твојата куќа изгледа многу празна“, се дел од коментарите.

Од друга страна, некои пишуваа дека Ким има стил и дека убаво го уредила својот дом.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e