Кендал Џенер е нова жртва на хакери кои јавно ги објавиле нејзините голи фотографии.
Сепак, нејзиниот случај е малку поинаков од останатите, бидејќи, наводно, има сомнение дека нејзините фотографии се намерно пуштени во медиумите. Се нагаѓа дека тоа го направил нејзиниот бивш и долгогодишен дечко Блејк Грифин, инаку кошаркар во НБА лигата, кој наводно подмитил еден познат хакер за да ги набави фотографиите.
Минатата сезона Грифин ги засилил редовите на Детроит, а преминал од екипата на Клиперси. Грифин во лигата бил познат како еден од најатрактивните играчи и бели кошаркари кои спектакуларно „забиваат“.
Кендал и Блејк својата долгогодишна врска ја прекинале пред неколку месеци, а оваа манекенка од семејството Кардашијан сега се доведува во врска со друга НБА ѕвезда. Станува збор за големата ѕвезда на оваа лига и играч на Филаделфија, Бен Симонс.
Кога станува збор за фотографиите, станува збор за фотки на кои Кендал позира на плажа, без облека. Штом фотографиите ја виделе светлината на денот, младата манекенка се нашла на удар на јавноста.
Кендал добила бројни критики бидејќи на фотографиите изгледа премногу слаба, рамна, т.е. без облини и дека е градена како маж. Овие коментари делуваат малку контрадикторно, ако се земе предвид дека нејзините постари сестри се вечно на удар поради „лажниот изглед“, вградени силикони и големи облини.
Самата признала дека оди по стапките на својата постара сестра Ким и пред неколку години снимила порнич и на тој начин се здобила со планетарна популарност. Се чини дека ова е добитна формула за популарност во светот на шоу бизнисот бидејќи сите разголени фотографии кренале многу прашина во јавноста.