(ФОТО) Ирина Шајк е во врска со продавач на уметнички дела

Ирина Шајк пред 10 месеци ја прекина врската со актерот Бредли Купер, а сега очигледно има нов партнер.

Руската манекенка и супермодел, Ирина Шајк (34) го преболела своето долгогодишно момче Бредли Купер (45), а сега е во врска со продавач на уметнички дела, Вито Шнабел (33).

Ирина и Бредли раскинаа пред 10 месеци, поради наводната афера на актерот со пејачката Лејди Гага, а тие имаат и заедничка ќерка Леа (3) над која делат рамноправно старателство.

Манекенката била фотографирана со трговецот на уметнички дела како се шета низ Њујорк, иако градоначалникот на тој град наредил граѓаните да не излегуават од своите домови поради коронавирусот.
irina-sajk-Новопеченот пар не ги почитувал мерките, па опуштено шетале без заштитни маски, а потоа влегле во станот на Вито.

Додека го следела до неговиот дом, Ирина постојано зборувала на мобилниот телефон.

Инаку, Вито е познат како згодно момче, а во врска бил со многу познати манекенки и актерки.

Една од неговите поранешни девојки е Хајди Клум, со која што бил во врска од 2014-та до 2017-та година.

Лајкнете на ја нашата фан страна Ипортал на следниот линк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e