(ФОТО) Инстаграм ја отстрани голата фотографија од најсекси бабата на светот

“Најсекси бабата на светот” е позната по своите провокативни изданија на социјалните мрежи, но последната објава беше отстранета од страна на Инстаграм.

Џина Стјуарт привлече внимание претходно оваа година кога влезе во финалето на натпреварот за убавина на “Maxim”, на коj 48-годишната Стјуарт се натпреварувала против 18-годишните девојки.

На спорната фотографија Џина е потполна гола, што за Твитер е дозволиво, но за Инстаграм не. Секси Австралијанката изјавила дека е разочарана бидејќи не смета дека ги прекршила правилата.
“Правилата велат дека не смее да има брадавици на фотографиите, а јас им се обратив на Инстаграм да ја вратат фотографијата. Тоа е само гола фотографија на која косата ми покрива се'”.


View this post on Instagram

❤️All the worlds a stage and all the men and women merely players❤️William Shakespear❤️#comment#like#share#tag

A post shared by Worlds hottest grandma (@ginastewartofficial) on

Џина е инаку мајка на четири деца и има еден внук, а славата набрзо ја пронашла на Инстаграм каде денес ја следат повеќе од 100 илјади следбеници. Во разговор за едно австралиско списание, таа открила и дека наскоро има намера да ги отстрани силиконите бидејќи сфатила дека здравјето е поважно од големината на градите.

Стјуарт вградила силикони пред 10 години бидејќи мислела дека со тоа ќе ја реши несигурноста во себе, но наместо тоа вели дека ја осудуваат уште повеќе. Таа додава дека силиконите се единствената козметичка операција која таа ја направила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e