Италијанската спортска новинарка Дилета Леота го привлече вниманието на јавноста објавувајќи фотографија на социјалните мрежи на која ја покажува својата завидна фигура само три недели по породувањето.
Имено, Леота позираше во црно бикини на софа, а нејзината објава предизвика поделени коментари на социјалните мрежи.
Многумина го пофалија нејзиниот изглед и брзото закрепнување, упатувајќи ѝ бројни комплименти.
„Божица“, „Спектакуларно“, „Постпородилното закрепнување не траеше долго“, „Прекрасно“, беа дел од коментарите.
Дилета Леота од јуни 2024 година е во брак со германскиот голман Лорис Кариус. Парот веќе ја има ќерката Арија, родена во август 2023 година, а семејството неодамна се прошири со доаѓањето на синот Леонардо.
