Дејвид Бекам е ѕвездата од најновото издание на француското списание „Madame Figaro“. Фудбалската легенда влезе во улогата на мистериозен заводник пред објективот на Антони Мендлер.
Во интервјуто за списанието, Бекам зборувал за животните цели и својата сопруга. „Свесен сум дека сум среќен човек. Не растев мислејќи дека сакам да бидам познат и да имам многу пари. Додека растев, велев: Сакам да бидам професионален фудбалер“ – изјавил тој.
За Викторија и нејзиниот успех, тој коментирал: „Ја поддржувам жена ми во сè што прави. Некои мажи се плашат од идејата за успешна жена. За мене, тоа е од нештата кои ги сакам кај неа и за кои ја почитувам. Ваквите жени се многу импресивни.“
За поврзани вести продолжете надолу