(ФОТО) Дарко Лазиќ го промени имиџот: Пејачот пушти коса и драстично ослабе

Дарко Лазиќ целосно го промени имиџот. Пејачот долго време се бореше со вишокот килограми, кои во еден момент му се заканија по животот.

По операцијата на желудникот, тој стана сосема друга личност и се посвети на теретаната и здравиот живот. Сепак, многумина мислат дека претерал со тренинзите, и дека сега е преслаб.

Дарко ужива во врската со Катарина со која редовно посетува теретана, а нивните заеднички тренинзи очигледно влијаеле на неговиот изглед.

Имено, пејачот очигледно се „исушил“, што најмногу се гледа на лицето и нозете на Лазиќ, покрај тоа ја сменил фризурата, односно ја пушти косата да порасне, што изненади многумина.

Дарко и Катарина објавија фотографија на социјалната мрежа Инстаграм и се пофалија со својата фигура.
Darko Lazic

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e