(ФОТО) Аркан пред Цеца бил лудо вљубен во оваа позната пејачка

Жељко Ражнатовиќ Аркан отсекогаш бил склон кон убави и згодни пејачки од југославенската естрада, па своевремено, пред да се ожени за Цеца, бил лудо вљубен во хрватската пејачка Дорис Драговиќ.

doris

Уште во тоа време се зборувало дека тоа било тајна страсна врска, и тој дури размислувал и да се разведе од тогашната сопруга Наталија.

Како што пренесуваат медиумите, Аркан често ја наговарал пејачката да се пресели во Белград, а таа тогаш му рекла дека може да го направи тоа, само ако тој се разведе од Наталија. Сите контакти ги прекинале кога тој е уапсен во 1990 во салата на Уна и кога Хрватска прогласи независност.

Аркан набрзо потоа ги основаште Тигрите и се вклучи во воените дејства во поранешна Југославија, а Дорис се омажи за ватерполистот Марио Будимир.

Хрватската поп дива Доротеа Драговиќ, позната како Дорис Драговиќ по последните неколку години ретко може да ја видиме во јавност, бидејќи целосно му е посветена на семејството и на Бога.

Дорис е во брак со поранешниот ватерполист Марио Будимир со кого го има синот Борна. Како што своевремено раскажа, го запознала на плажа, и тоа било љубов на прв поглед. Кариерата ја започна како пејачка на групата „Море“ со кои сними два албуми, а албумот „Тигрица“ е продаден во милионски тираж. Со песната „Жељо моја“ во 1986 година настапи на Евровизија како претставник на СФРЈ и го освои 11. место.

Хитовите беа нејзиниот заштитен знак и откако почна соло кариера, и после бројните концерти, настапи и телевизиски гостувања, изгледа се повлече од сцената и му се посвети на семејството.

Своевремено призна дека се поретко настапува и рече дека сега „животот и го води Бог“.

– Црквата ми значи се. Се свое ставив на таа карта и му доволив на Бога да ми помага и да ме води. Ме потсетува на тоа од каде сум дошла и каде одам, и тоа која сум сега – раскажа пејачката во една прилика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e