(ФОТО) Ариана Гранде воодушевува со природниот изглед

Дури и ѕвездите како Ариана Гранде одмораат од гламурозните изданија.

Пејачката одлучила на некое време да ги заборави екстензиите и да ѝ дозволи на својата природна која да ја преземе улогата на ѕвезда на нејзините фотографии.

Иако секогаш носи ‘залижан’ реп со екстензија или ја подвиткува косата под перика, Ариана сега ги распуштила своите непослушни кадрици во природната темно-кафена нијанса и со нив се пофали на Инстаграм.


Без оглед што носи природна, несредена фризура, пејачката одлучила да направи баланс помеѓу опуштеноста и гламурот, па се нашминкала во препознатливиот стил – црн туш за очи и нуд кармин.

Ова бјути освежување ги воодушеви нејзините фанови кои ѝ порачаа дека е прекрасна и дека ваква фризура би требало да носи и кога ќе престане периодот на карантин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e