(ФОТО) Антониа официјално се омажи – блесна во романтична венчаница

Младата пејачка Антониа Гиговска и нејзиниот партнер Роберт Спасенцовски, попознат како Џокер, вчера го кажаа судбоносното „да“ и стапија во брак.

Имено, Гиговска сподели неколку фотографии од свадбената фотосесија, која ја направи фотографот Стефан Соколовски.

„30.4.2023. Официјално венчани“, напиша пејачката.

Убавата трудница се одлучила за чипкаста венчаница на дизајнерката Матеа Драгшиќ, а за шминката и фризурата се погрижил нејзиниот долгогодишен соработник, фризерот и шминкер Даниел Николовски.

Нововенчаната двојка доби голем број честитки на социјалните мрежи, меѓу кои и честитката од српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ, која исто така наскоро ќе стане мајка.

Како потсетување, Антониа Гиговска го прослави нејзиниот 22. роденден во јануари, во друштво на нејзиното момче Роберт Спасенцовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e