(ФОТО) Aмериканската актерка и комичарка се огласи откако дозна дека е позитивна на коронавирусот:„Никогаш не сум била поболна“

Американската актерка и комичарка, Али Вентворт (55) е заразена од коронавирус, а своите обожаватели и пријатели ги извести за тоа преку социјалните мрежи.

На својот Инстаграм профил објави фотографија како лежи на кревет со своето куче, видно изморена со загрижен израз на лицето.


„Позитивна сум на коронавирусот. Никогаш не сум била поболна. Висока температура, ужасни болки по телото, тежина во прстите. Изолирана сум од моето семејство. Ова е мизерија“, напишала актерката.

Сопругот на Али, Џорџ Стефанопоулос (59), инаку водител на емисијата „Good Morning America“, работи од дома, откако кај актерката е потврден коронавирусот.

Инаку, пред неколку денови актерката апелираше нејзините фанови да останат дома, за да се заштитат себе и другите од коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e