Евровизија сепак ќе има на 16 мај: Се подготвува алтернативно телевизиско шоу „Eurovision: Europe Shine A Light“

Евровизијата која требаше годинава да се одржи во Ротердам е откажана поради пандемијата од коронавирусот, фановите на Евровизија сега ќе гледаат алтернативно телевизиско шоу, што значи дека сите пејачи ќе и се престават на публиката во Европа и светот.

Европската радиодифузна унија во соработка со холандскиот јавен сервис кој требаше да го организира годинешниот Избор за песна на Евровизија потврдија дека подготвуваат нова програма кој ќе биде емитуван на 16 мај, наместо откажаното финале на Евросонг.

На посебниот програм наречен „Eurovision: Europe Shine A Light“ ќе учествуваат претставници од 41 земја, но и неколку стари ученици на Евровизија кои на препознатливи места низ Европа ќе изведат познати хитови од Евросонг.

На 16 мај ќе се обидеме да ја обединиме Европа во единствена телевизиска програма. Ги повикуваме сите емитери кои сакале да испратат учесник на годинешниот Евросонг и другите членови на ЕБУ да ја емитуваат оваа емисија во духот на единството и заедништвото, изјавил извршниот супервизор на Евросонг Јон Ола Санд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e