Еве го коментарот на Маленко за свадбата на ќерка си Лора

По свадбата на најстарата ќерка Лора, поранешниот пливачки ас и актуелен претседател на пливачката федерација на Македонија, Александар Маленко им посака среќа и љубов на младенците.

„ На  сѐ што е убаво секој човек треба да се радува. Јас сум многу среќен за мојата ќерка. Нејзиниот сопруг го познавам од многу порано, тие се прекрасна двојка и совршени се еден за друг. Господ нека им дава здравје, среќа и љубов“, изјави Маленко во телефонскиот разговор за Женски магазин.

Во елегантно издание, со невестата и со помалата ќерка Матеа, се фотографираше нивната мајка, пејачката, водителка и писателка, Сузана Турунџиева.

Лора е единствената ќерка од бракот на Турунџиева и на Маленко. Како мала, заедно со својот татко, таа се појави во спот на песна од Турунџиева, „Кажи ми кажи“.

Маленко од четирите брака има пет деца, а Лора му е единствена ќерка. Во емисијата „Еден на еден“, Маленко изјави дека со сегашната сопруга, со која има две деца, размислува за проширување на семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e