Емина во луксузен хотел заедно со турскиот милионер: Емина Јаховиќ им возврати на душегрижниците

Емина Јаховиќ заплови во романса со Садетин Саран, а во центар на скандалот дојдоа кога се прозвани во една емисија дека поминале бурна ноќ во хотел.

Водителките на една труска емисија објавиле приказна дека: Емина Јаховиќ и Садетин Саран минале ноќ во хотелска соба, каде некои гости се жалеле на буката која допирала од нивната соба.

Турските медиуми на големо пишуваат дека Емина и Садетин веќе живеат заедно, дека прват заеднички дом, но дека датумот на нивното вселување во новата куќа се уште не е познат.

Кога Емина ги чула овие информации, се огласила и објаснила дека се работи за лага.

-Само што слушнав неоснована лага за себе и многу сум тажна. Никогаш нема да ги премолчам навредите кои две жени, водителки на национална телевизија ги изрекоа за мене. Жените кои ги изрекоа лагите дека мајка на две деца во хотелска соба прави галама, се жени. Како жена може да направи таков брутален напад на друга жена? Ќе ги искористам сите права како жена која животот го посветила на своите два сина. Мојот адвокат ќе почне правен процес кои се одснесува на овие програми и коментатори. Не си играјте со гордоста на една мајка, поради рејтингот, сакам да се разбудите во љубов-напишала Емина на својот Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e