Ема Вотсон – ВИСТИНСКО модно ОСВЕЖУВАЊЕ

Доколку мислевте дека високи чизми не можете да ги носите со долг фустан, размислете повторно.

Актерката Ема Вотсон не само што покажа дека тоа е многу добра идеја, туку и во тоа наизглед неспојливо издание зачекори на црвениот тепих.

На премиерата на филмот „Little Women“ во Њујорк, Ема се појави во гламурозен црн фустан со прерамки и чипка, на кој се потпиша модната куќа Balenciaga, а го искобминира со црни кадифени чизми кои ги покажа на иновативен начин.

Ема, едниот дел од фустанот го пикнала во десната чизма, а резултатот е подобар од она што го замислуваме. Стајлингот го надополнила со црна clutch чантичка во овлик на школка, а иако мејкапот го свела на минимум и косата ја стилизирала во спонтана опуштена пунџа, изгледаше спектакуларно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ