Елена Велевска се предомисли: „Не се разведувам!“

Пред два месеци во јавноста одекна веста дека Елена Велевска се разведува од нејзиниот сопруг Марјан Мирчевски, а како причина за разводот наведе дека е семејно насилство.

Својата одлука тогаш ја соопшти преку Фејбук статус и оттогаш не зборуваше за својот приватен живот.

Но, очигледно Елена успеа да му прости на својот сопруг и се предомисли, па ништо од разводот.

„По долги разговори, како зрели личности, првенствено родители на три малолетни деца, јас и мојот сопруг Марјан решивме да го затвориме лошото поглавје во нашиот живот, и да му дадеме шанса на семејството, и секако на љубовта која што ја имавме со години наназад. Повлечена е бракоразводната парница, а од јавноста барам почит на нашата приватност и разбирање“, изјави Велевска за „Фокус”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e