Џеј Ло ги избриша сите објави на Instagram

Без објаснување, Џејл Ло ги изгасна профилите н на социјалните мрежи, поставувајќи црна фотографија на Instagram, пренесе Variety.

Профилот го следат 226 милиони обожаватели, а од вторникот нема објави, додека профилната фотографија е заменета со црна фотографија.

Слична е ситуацијата и со нејзините профили на Twitter и TikTok, профилната е заменета со црна фотографија, но објавите не се избришани. На Facebook, каде ја следат 60 милиони обожаватели, насловната и профилната фотографија се променети со фотографии на кои го пишува нејзиното име.

Во минатото, славните и музичарите правеа вакви слични работи на социјалните мрежи пред да најават важна вест, како на пример албум.

Последниот студиски албум на Лопез, A.K.A. беше објавен во 2014 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e