Деми Мур се раздели од Даниел Хам по помалку од една година врска

Актерката од „Дух“, наводно, се чувствува добро и покрај крајот на врската со швајцарскиот готвач. Извор близок до ѕвездата изјави за „Пипл“: „Таа се чувствува добро, среќна е, и ужива со своите деца и своите пријатели“. Во април таблоидите објавија дека 60-годишна актерка е во романса со 46-годишниот Даниел – сопственик на познати ресторани „Илевн Медисон парк“, „Д’ ноумед“ и „Дејвис и Брук“ (Eleven Madison Park, The NoMad, Davies and Brook) – неколку месеци пред да бидат забележани како седат еден до друг на модната ревија на Клои во март.

Извор на „Њујорк пост“ во тоа време изјави: „Даниел работи долго и напорно во неговиот ресторан Eleven Madison Park, но сепак често одвојува време за Деми да му се придружи на романтични вечери таму“.

Парот ги потврди шпекулациите на Инстаграм во јуни, кога Деми сподели фотографии од нивните заеднички патувања, а и од нивниот престој во Париз за финалето на Отвореното тениско првенство на Франција (Ролан Гарос), каде што им се придружи нејзиното милениче Пилаф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e