Дарко Лазиќ се бори за живот – Утрово доживеал страотна сообраќајка

Српскиот пејач со тешки повреди се наоѓа на интензивна нега во земунската болница, откако утрово доживеа тешка сообраќајка по која се бори за живот. Дваесет и седумгодишниот Дарко Лазиќ, кој годинава неколкупати ги полнеше балканските таблоиди кога го фатија со дрога и се разведе, со автомобилот излетал од патот и се превртел на кров, а потоа едвај го извадиле од смачканото возило.

Во моментот на несреќата тој во своето БМВ бил сам, а го извлекувале пожарникари. Пејачот немал појас, тешко е повреден и ќе му се земе крв да се види дали бил пијан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e