Дара Бубамара нападната со нож во Париз

Пејачката Дара Бубамара додека настапувала во Париз, била нападната од маж на чие додворување не одговорила позитивно. Инцидентот се случил во еден клуб каде пејачката настапувала, а кон неа се затрчал насилникот со нож во раката.

-Човекот беше насилен и безобразен додека стоеше пред локалот. Нон стоп ме прашуваше кога ќе дојде Дара. Му реков дека таа веќе е тука, но може да влезе кога ќе се смири, изјави Јанчи Вираг, кој со години ги обезбедува познатите фаци во француската престолнина.

Тој додаде дека истиот човек по половина час повторно се приближил, овојпат молеќи да му дозволи да влезе затоа што сака да ја види пејачката.

– Се беше во ред, таа пееше, а тој стоеше близу бината. Ја снимаше со телефонот, ја знаеше секоја нејзина песна. Ѝ праќаше бакнежи и се обидуваше да ѝ го привлече вниманието кон себе.
Хаосот настана кога Дара го заврши првиот блок песни и најави пауза. Тој ја повика, но таа од музиката не го слушна. Тоа го збесна, па тргна по неа, а јас по него. За среќа го фатив за рака и видов дека држи нож. Го соборив на земја, па потоа ги исфрливме од локалот и викнавме полиција, изјави Вираг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e