Целосно изгоре домот на Расел Кроу во Австралија

Холивудскиот актер Расел Кроу на социјалните мрежи објави дека во пожарите на источниот брег на Австралија, целосно изгорел неговиот дом, а уште се проценува материјалната штета.

Актерот објави фотографии и видеа од уништеното подрачје. За среќа, тој не бил во Австралија, а неговото семејство било на безбедно, кај пријатели.

„Не сум во Австралија. Семејството ми е на сигурно, со пријателите. Пожарот стигна до мојот имот вчера. Сочувствувам со сите“, напиша тој на Твитер.

Како што тој знае, штетата е направена само на објектите, додека животните од фармата не се повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e