Цеца ја откри вистинската причина поради која Анастасија се уште не настапува

Цеца Ражнатовиќ вели дека за себе посакува во 2020 година нов албум, а споменала дека и Анастасија ќе има свој албум, не знаејќи дека таа се уште не излегла пред медиумите да ја соопшти веста.

– Нов албум, навистина. На него се чека од 2015/16, не знам кога последен пат извадив албум. Мојата публика тоа навистина го сака. Што се однесува на приватниот живот, секако, да ми се сите живи и здрави, среќни, семејството да ми биде сложно, хармонично. Тоа е најважно, за другото лесно – рекла Цеца, пишува Telegraf.rs.

На коментарот дали Анастасија би можела да ја замени, Цеца изјавила:

– Па засега, на почетокот од годината, треба да извади албум. Се надевам дека ви кажала. Не знам што одлучила дали ќе оди песна по песна, што е сега некој нов фазон или ќе оди цел албум. Анастасија од првата песна имаше огромен број на понуди, да не зборувам после „Ране“, балкански хит! За настапи таа се уште нема потреба, вели дека се уште не е моментот… Јас не сум некој кој ќе влијае на нејзините желби, таа сама треба тоа да го посака и сама да се претстави на својата публика – објаснила Цеца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e