Бруно Марс се враќа со нова песна

Новиот сингл „24k Magic“ ќе пристигне овој петок.

Беше крајно време! Кога ќе ни текне дека Бруно Марс својот последен албум „Unorthodox Jukebox“, го објави во 2012 година, се прашуваме што тој правеше сето ова време?!

За среќа, тука е “Uptown Funk”, како и одличниот настап со групата Колдплеј и Бијонсе на годинешниот Супер Боул.

Но на чекањето му дојде својот крај, бидејќи Бруно Марс на социјалните мрежи го најави новиот сингл!

Тоа е песната „24k Magic“, која ќе пристигне во петок, 7 октомври.

“Може да се каже дека ова е прв сингл, но јас би рекол дека е покана за забава”, напиша Бруно.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e