Бред и Анџелина со децата на терапија?

Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа привремен договор за старателство над децата. Всушност, Бред треба да направи тест за дрога и алкохол, како дел од договорот за да биде во можност да се гледа со нивните шест деца. Оваа информација за “АП” во петокот ја дале две лица запознаени со договорот, но не се овластени да зборуваат јавно.

Времената спогодба важи за три недели, и е прв поволен развој откако Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Бред Пит. На тој ден, 19 септември Џоли, повикувајќи се на “семејното здравје”, побара целосно старателство над децата.

Двојката се согласи да се подложат на индивидуално советување, наводно Бред Пит во почетокот ќе може да се види со децата но во присуство на терапевт, изјавил анонимен извор. Овој привремен договор не е судска одлука.

Адвокатите на Џоли и Пит не коментираат за случајот со нивните клиенти.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e