Исчекувањето на нов член внесе посебна емоција во животот на пејачот! Саша Ковачевиќ заедно со свршеницата Зорана Тасовац ќе станат родители.
Зорана Тасовац од претходниот брак со Богдан Срејовиќ ја има ќерката Искра, која Саша неизмерно ја сака, а наскоро тие двајца ќе добијат и заедничко дете.
Блиски до парот велат дека сите се пресреќни за убавата вест за пристигнувањето на бебето чиј пол уште не се соопштува јавно.
Врската на Саша Ковачевиќ и Зорана Тасовац долго време привлекува внимание кај јавноста. Српскиот пејач и убавата Зорана се во врска повеќе од 10 години, а сега според информациите објавени во тамошните медиуми ќе го добијат првото заедничко дете.
