Балашевиќ закрепнува по операцијата, а сега сè објасни точно и детално

Ѓорѓе Балашевиќ за првпат по операцијата прозборе во јавноста за она што му се случило и како понатаму живее со стентовите кои му се вградени.

„Добра вест е дека не умрев“, се пошегува тој, а потоа ја дообјасни целосната ситуација.

„Лоша вест е дека ова не е скок во височина, па да имаш три обиди. Жалам што морав да го откажам концертот во Крагујевац. Бев четири дена во болница, не беше операција на отворено срце, само малку ме дотераа“, изјавил тој, па додал:

„Беа фер. Нешто ставија. Обично кај лекар нешто ти вадат, камен од бубрег… Добив четири стентови. Рекоа дека ќе можам да трчам. Не верувам, не ме прашувајте дали сум добро, не можам да бидам добро, имам 100 години. Се надевам дека ќе можам да продолжам таму каде застанав“, изјавил тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ