Анџелина Џоли одново ја пронајде радоста на животот

 

Популарната актерка даде ексклузивно интервју за магазинот „Мадам Фигар“ само неколку дена по официјалната премиера мна филмот „Господарка на злото 2“. Оскаровата и добитничка на три статуетки „Златен глобус“ зборува за своите чувства и искуства поврзани со мајчинството и животот по разводот од Бред Пит.
– Не знам дали е судбина или нешто друго, но знам дека тоа за мене значеше враќање кон себе и кон домот. Вистина е дека бев малку изгубена, особено пред крајот на нашата врска и во тек на разводот – откри таа.

Сепак, Анџелина признава дека разделбата со нејзиниот сопруг буквално ја уништила. Таа се чувствувала толку лошо што не сакала ни да излегува или разговара со никого.
– Се чувствував бескорисно, незначително и непотребно за никого, иако тоа не му го покажував на светот. Бев длабоко повредена и тажна. Тоа за мене беше голема траума со која се борев. Морав повторно да ја откријам радоста на животот. Затоа, не можам да кажам дека не научив вредна лекција. Напротив. Промената е нешто убаво, да се биде во можност повторно да бидете среќни, да научите да се одржите во тешки времиња. Тоа е она што јас исто така се обидувам да ги научам и моите деца – објаснува Џоли и додава дека долго време по разводот, немала сили да се извлече од “маѓепсаниот“ круг.
– Во кампањата во „Герлен“ во која учествував, само се прашував што се бара од мене, што треба да правам пред објективот. На крајот го најдов одговорот – сакав да бидам таква каква што бев од секогаш. Затоа, нема повеќе да ја кријам мојата дива страна. Сакам повторно да се чувствувам слободно – решителна е Анџелина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e