Анастасија Ражнатовиќ повеќе не сака да пее?

Во седмата епизода на „Цеца шоу“, кое се емитува секој петок од 22 часот на „Блиц-телевизија“, Анастасија Ражнатовиќ откри дека би сакала да му се посвети на семејството и да ја стави кариерата на пауза.

Во пријатна атмосфера, Цеца со семејството го гледала мечот на фудбалската репрезентација на Србија.

Како што кажале, сите навиваат за репрезентацијата за време на мечевите, а Анастасија призна дека многу се нервира гледајќи го своето момче Немања Гудељ.

Се нервирам за секунда, особено поради некоја глупа грешка – открила Анастасија.

Нејзините братучеди, синовите на Лидија Оцокојиќ, Петар и Илија имаат амбиција да бидат фудбалери, а на прашањето што ќе прави Анастасија кога ќе станат познати, младата пејачка дала одговор со кој ги шокирала сите.

Па ќе лулам деца, веројатно. Да бидам малку дома и да не работам ништо – рекла Анастасија, на што Цеца ја прашала:

Тоа ти е целта?! А кариерата?!

Па можам малку да паузирам, кој ќе го издржи тоа темпо – одговорила Анастасија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e