Анастасија Ражнатовиќ: Личам на татко ми, бев ограбена во Париз

Анастасија Ражнатовиќ во интимно интервју откри дури и најситни детали од нејзиниот приватен живот, со кои јавноста досега не била запознаена.

Таа се пофали дека веќе една година не пуши цигари, иако била страствен пушач, а наместо тоа, сега користи алтернатива, изјавила за емисијата „Лично, незванично“.

Исто така, изјавила дека веќе е навикната на фактот дека е ќерка на популарни родители и дека додека нејзината мајка има проблем да се движи слободно низ Белград, таа успева да се камуфлира.

Иако важи за девојка со одлична и фит линија, признава дека всушност е гурман и дека наклонетоста кон дебелеење ја наследила од својот татко. Поради тоа, редовно пости, но некогаш е навистина тешко, со оглед на тоа што изборот на храна е навистина ограничен.

Анастасија откри и дека била ограбена во Париз, додека била со најдобрата пријателка Невена Лазиќ.

„Бевме во париз заедно, бевме во шопинг, јас го заборавив паричникот, а Анастасија ја ограбија. Не беше страшно, додека не се изгубивме и сфативме дека мораме да се вратиме со такси“, изјавила Невена.

„Добивме идеја, да му објасниме на таксистот дека немаме пари, дека Анастасија е пејачка од Србија и дека така може да платиме. За среќа, се покажа дека има разбирање, нè пренесе и потоа одби да ни земе пари“, изјавила Невена, а приказната ја потврдила и Анастасија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ