Американката Р’Бони Габриел е Мис Универзум 2022

На годишниот меѓународен избор за Мис Универзум, кој годинава се одржа во Њу Орлеанс, круната ја освои Р’Бони Габриел од САД.

Р’Бони Габриел е модна дизајнерка, инструкторка за шиење и модел, како и прва Американка со филипинско потекло што ја освоила титулата Мис САД.

Таа рече дека нејзината мисија е „жените и младите девојки да се видат себеси во неа и да се чувствуваат инспирирани да ги постигнат своите цели со тоа што ќе го прифатат тоа што се“.

Повеќе од 80 натпреварувачки се бореа за титулата Мис Универзум 2022 година. Прва придружничка е Аманда Дудамел од Венецуела, додека втора придружничка е Андреана Мартинез Фуние од Доминиканска Република. Другите финалистки доаѓаат од Порторико и Курасао.

Р’Бони ја презеде титулата од минатогодишната победничка Харнааз Санду од Индија.

71. издание на Мис Универзум се одржа во Њу Орлеанс во конгресниот центар Ernest N. Morial. Се одржа неколку месеци подоцна од вообичаено, поради промени во организацијата. За оваа година, една од измените е што наместо традиционалните 20, жирито избра 16 натпреварувачи за саботната церемонија.

URL
Неколку фаворити се истакнаа од самиот почеток, парадирајќи во свечена, традиционална облека и костими за капење на претходниот настан, кој беше емитуван на YouTube во средата.

При претставувањето на народните носии најмногу внимание привлече учесничката од Украина, чија носија и порака сега ја коментираат бројни корисници на социјалните мрежи. Украинката Викторија Апасенко прошета во костим инспириран од Архангел Михаил, воинот на светлината кој го победува злото. Таа носеше бел фустан со златно елече, а на крилјата ги носеше боите на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e