91-годишен милионер се разведе и веднаш си најде нова девојка

Милијардерот Руперт Мердок пред пола година се развел од четвртата сопруга, Џери Хол (66), а веќе има нова девојка. Имено, овој дедо, очигледно сè уште има што да им понуди на припадничките на понежниот пол.

Папараците го забележале овој господин како ја шета својата нова девојка Ен Лесли Смит (66) по карипските плажи, па низ светот осамнаа фотографии како тие двајца уживаат на овие плажи од бајките. На една од фотографиите, Ен, која не изгледа лошо за своите години, му помага на Руперт да излезе од водата. Доколку не е познато дека тие двајца се во врска, на фотографијата делува како милијардерот да е на плажа со својата негователка.

Ен-Смит е вдовица на кантри музичарот Честер Смит, кој почина на 78-годишна возраст. Нејзиниот покоен сопруг, покрај тоа што беше пејач, поседувал дури 13 телевизиски станици во Калифорнија. Според ова, Смит добила поголемо наследство, па можеби навистина ужива во романсата со Мердок.
i

Да потсетиме, милијардерот пред 6 месеци се разведе од поранешната сопруга Џери со која беше во брак 6 години. Во бракоразводната парница како причина се наведени емоционалната дистанца и непремостливите разлики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e