Пејачката во неверување раскажа, го испивме кафето и ме испрати на аеродром – не сакам да верувам

Веста за сообраќајката на Шабан Шаулиќ го потресе регионот како и целата балканска естрада, една од нив која емотивно ги сподели последните поминати мигови пред трагедијата е и Дара Бубамара.

-Шокирана сум, плачам, плачев цел ден…Вчера цел ден се смеевме, летавме заедно за Виена, пиевме кафе, ме испрати до влезот на аеродромот. Секогаш ми значеле убавите зборови од него, од таков пејач и човек каков што беше тој. Сите мигови кои ги поминавме заедно за мене се преубави емоции и секогаш ќе паметам како ме викаше „Бубице моја“!

Не можам да поверувам дека ова се случи. Тажна сум и шокирана и бесна што животот е неправеден кон оној кој заслужува најдобро. Сочувство до семејството Шаулиќ, напиша Дара на својот Инстаграм профил.

dara

Инаку Шабан Шаулиќ загина вчера во тешка сообраќајна несреќа во Германија откако во неговиот автомобил удрил пијан возач без дозвола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e